• вторник, 21 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 март 2024 (МИА) - Денеска (10.03.2024) во 02.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.П.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (10.03.2024) во 03.05 часот пред угостителски објект на подрачјето на општина  Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна поднесок.

Денеска (10.03.2024) во 02.15 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода  Х.Р.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и метална дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна поднесок.

Денеска (10.03.2024) во 02.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.П.(24) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна поднесок.
 
Денеска (10.03.2024) во 02.20 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.03.2024 во 12.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ц.(41) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.03.2024 во 11.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(30) и Х.З.(27), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.03.2024 полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С. (40) од Куманово, кој бил баран по потерница по судска наредба за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.

На 09.03.2024 полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода М.Ф.(44) од Куманово. Таа била барана по потерница по судска наредба за издржување казна затвор  за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено  во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната.
 
 На 09.03.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Аеродром М.Т.(41) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ била касната од куче скитник. 
 
На 09.03.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Центар Н.Н.(48) од Скопје, пријавила дека на ул.„Никола Карев“ била касната од куче скитник. 

На 09.03.2024 во 15.10 часот во Полициската станица Гази Баба С.А.(54) од Скопје, пријавил дека на ул.„Јужноморавски бригади“ бил каснат од куче скитник.


На 09.03.2024 во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп. Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра. Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 


На 09.03.2024 во 14.25 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина кај с.Строгомишта, патничко моторно возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(47) од с.Тајмиште-кичевско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник М.С.(56) од с.Тајмиште, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.


Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 79 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за возење под дејство на алкохол...

На 09.03.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај с.Арнакија-скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(44) од с.Добри Дол-гостиварско и патничко возило „рено клио“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.Ф.(46) од Гостивар, при што возилото „рено клио“ се запалило. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, еден сопатник од возилото „ауди“ и три малолетни сопатнички од возилото „рено клио“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


На 08.03.2024 полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово во село Ранковце ги лишија од слобода А.А. (31) од Скопје, И.М. (23) од Крива Паланка, Д.С. од Скопје, М.А. (24) од Скопје и З.Р. од Скопје. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело "Фалсификување пари" предвидено и казниво по член 268 од Кривичниот законик така што во месец февруари стапиле во контакт со лице од Скопје кое им понудило фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и за сума од 18 000 денари од истиот купиле 9 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра. Истите во месеците февруари и март во пет наврати во Куманово и Крива Паланка купувале производи од различни правни субјекти, по што се стекнале со противправна имотна корист од 500 евра. Лицата се лишени од слобода во полициска станица каде комплетно е документиран кривично-правниот настан и поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка на сите 5 лица им е определен 30 дневен притвор.

Фото:МИА архива

 

 

Тагови

Остани поврзан