• петок, 09 август 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 23 април 2023 (МИА) - На 23.04.2023 во 02.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.М.(25) и М.А.(30) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 22.04.2023 во 23.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.04.2023 во 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.И.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 23.04.2023 во 00.05 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Р.(32) од с.Шишево-скопско, Л.П.(40), А.С.(43) двајцата од Косово и Б.Р.(29) државјанин на Шведска затоа што кај А.Р. биле пронајдени и одземени пиштол “Глок“ и куршуми. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 22.04.2023 во 17.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Џ.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 22.04.2023 во 14.50 часот било пријавено дека во Кавадарци на ул.“7-ми Септември“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл “бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од В.К.(57) од Кавадарци и патничко моторно возило “голф“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од М.М.(25) од Кавадарци, кое го напуштило местото на настанот, но по преземени мерки било пронајдено од страна на полициски службеници. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

На 23.04.2023 во 02.30 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(24) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во текот на изминатата вечер (22/23.04.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 30 возачи.Од нив 15 на територија на Битола, 11 во Прилеп ,по 1 во Ресен и Демир Хисар и 2 Македонски Брод.За време на контролата биле санкционирани и 20 други видови прекршоци.

На 22.04.2023 во 20.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип–Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “пежо 407“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(45) од Штип и патничко возило кое го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Ш., а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(42), М.М.К.(29) и уште една малолетна сопатничка, сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за користење мобилен телефон при возење...вг/

Остани поврзан