• сабота, 10 август 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 28 јануари 2023 (МИА) - Денеска (28.01.2023) во 02.35 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Т.С.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 27.01.2023 во 19.00 часот на автопатот Велес – Скопје, во близина на Башино Село, велешко, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај – Петровец, ги лишија од слобода Н.Д.(39) и А.Д.(43), двајцата од Охрид, затоа што при преглед кај А.Д. била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Денеска (28.01.202) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 185 локации. Притоа, констатирани се 5 прекршоци за присуство на малолетници после 00.00 часот, и тоа на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово. При контролите бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје на подрачјето на скопски Чаир, при што кај  Д.Т.(25) од Скопје бил пронајден и одземен нож, како и два прекршока по Законот за лична карта на подрачјето на СВР Куманово. Од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатирани неправилности запечатени се два угостителски објекта, едниот во Сарај, а другиот во с.Арнакија.Денеска (28.01.2023) во 01.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишена e од слобода Д.Н.(20) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 27.01.2023 во 18.45 часот на подрачје на Ѓорче Петров од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Н.А.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 27.01.2023 во 11.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 27.01.2023 околу 17.50 часот во Полициска станица Велес е пријавено дека од службени лица од Казнено-поправната установа Идризово, Отворено одделение во Велес, при преглед кај осуденикот И.В.(39) од Скопје, кој се враќал од користење на викенд, била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет мерки за возење под дејство на алкохол, една санкција за недавање првенство на минување на пешаци...На 27.01.2023 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 19.45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, скопско, удрило во пешакот Ш.Р.(71) од Скопје. На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош  констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.На  27.01.2023 околу 18.45 часот, на ул.„Амди Леши“ во Дебар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од В.Ц.(38) од Дебар и патничко возило „опел“, управувано од С.М.(54) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од возилото „опел“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Дебар.На 27.01.2023 во 19.30 часот во Полициска станица Бит Пазар, З.М.(70) од с.Љубанци, скопско, пријавила дека на ул.„Ќемал Сејфула“ била касната од куче скитник.На 27.01.2023 во 19.55 часот во Полициска станица Аеродром, И.Ј.(34) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ била касната од куче скитник.На 27.01.2023 во 15.50 часот во Струмица на бул.„Маршал Тито“, патничко такси возило „цитроен Ц“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Г.(46) од с.Дабиле, го повлекло патникот П.А.(78) од с.Босилово, додека излегувал од такси возилото, по што П.А. паднал на коловозот. Во несреќата П.А. се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Медицински центар Струмица. Увид извршила екипа од СВР Струмица.На 27.01.2023 од 12.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли. При контролите, полициските службеници затекнале 30 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на непрегледни места, спротивно на сообраќајниот знак на коловозот (Охрид-15, Струга-06, Кичево-04, Дебар-05). Против возачите се поднесени соодветни платни налози.На 27.01.2023 Д.Б.(44) од Струга во полициска станица пријавила дека на улицата „Партизанска“ во Струга била касната од куче скитник. вг/

Остани поврзан