• сабота, 24 август 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - На 22.08.2024 во 19.20 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од З.Р.(53) од Охрид.

По преземени мерки и активности и добиена наредба од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во неговиот угостителски објект во Охрид, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и бела прашкаста материја.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 22.08.2024 во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.С.(45) од Куманово, кој баран по потерница за издржување казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“ по член 144 од Кривичниот законик.

Т.С. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Денеска (23.08.2024) во 04.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(36) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблета.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (23.08.2024) во 02.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле М.М.(20) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.08.2024 во 13.40 часот на ул.„Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје Струга го привеле Е.В.(20) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.08.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во населбата Илинден во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(47) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Ш.(43), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од мопедот Е.Ш.(46) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Е.Ш., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.08.2024 во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Х.(38) од с.Сопот, кумановско и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.С.(21) од с.Романовце, кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.   

Денеска (23.08.2024) во 01.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип–Плачковица, кон с.Караорман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(68) и патничко возило „ауди а 6“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(27), двајцата од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „ауди“, В.Д.(24) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.   

На 22.08.2024 во 08.20 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Т.(46) од Скопје пријавил дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 22.08.2024 во 16.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.С.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје бил каснат од куче скитник. сст/

 

 

 


     

Остани поврзан