• понеделник, 24 јуни 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 16 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 03.30 часот во скопското село Шишево го лишиле од слобода Џ.С.(25) жител на тоа село.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и 11 месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето e спроведенo во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено -поправна установа за издржување на казната.

На 15.06.2024 во 23.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 16.06.2024 во 00.10 часот на ул„Борка Лопач“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги  лишиле од слобода М.А.(22) и Н.С.(23), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 16.06.2024 во 04.00 часот во Меморијалниот центар во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К.(29) и А.П.(22), двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети.

Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава. 

На 15.06.2024 во 13.20 часот во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско го привеле лице Ж.С(41) од с.Кадино Село, Прилепско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување затворска казна.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 97 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење. Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)... 

На 15.06.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(56) од с.Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 15.06.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Чаир, И.К.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Радишанска лево“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче со сопственик.

На 15.06.2024 во 18.35 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(40) од с.Долно Лисиче, Скопско, пријавил дека на место викано „Чатал“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 15.06.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.Н.(71) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник. хс/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан