• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 2 ноември 2024 (МИА) - На 01.11.2024 година во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод -Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „Сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот.

МВР денеска соопшти дека во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

На  01.11.2024 година во 14,00 часот во Полициската станица Прилеп  било пријавено дека на ул. „Мице Козар“ во Прилеп, Л.Т. (67) од Прилеп управувајќи тротинет марка „Чико“, во обид да заобиколи товарно моторно возило, загубила контрола над мопедот и паднала на патот. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 01.11.2024 година во СВР Велес било пријавено дека околу 14.30 часот на  улица „Методија Андонов Ченто“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(33) од Велес и мопед марка „Џонвеј“ со велешки регистарски ознаки управувано од А.К.(55) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Велес - се здобил возачот на мопедот. По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР-Велес.

На 01.11.2024 година во 20.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетничка од село Мала Речица, тетовско, и патничко возило марка „Дачиа“ со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(52) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.Б., и неговата сопатничка малолетничка од село Требош, додека пак малолетничката возач на „Мерцедесот“. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 01.11.2024 година во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 13.10 часот на магистралниот пат Охрид - Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски таблички управувано од Ш.Х.(23) од село Зајас, кичевско, и патничко возило „БМВ“ исто така со кичевски регистарски таблички управувано од Б.С.(35) од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ш.Х., а констатирани во Медицинскиот центар Кичево. За настанот бил изветен јавен обвинител, увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кичево. 

На 01.11.2024 година во 19.53 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат  Делчево-Пехчево, поточно кај село Град на место викано „Преод“, се случила сообраќајна несреќа во која што Д.Е. (29) од село Габрово, делечевско, управувајќи мотоцикл „хамачи“ со делчевски регистарски ознаки, загубил контрола над мотоциклот и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот сопатник А.А. (24) од село Град, делчевско, а констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

На 01.11.2024 година во 18.02 часот во Полициската станица Делчево  било пријавено дека на регионалниот пат од село Саса кон Македонска Каменица, кај место викано „Павлиш дол“, Т.С.(49) од Македонска Каменица управувајќи мотоцикл марка „Хамачи“, загубил контрола над мотоциклот и излетал од патот. Во несреќата Т.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Штип. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Делчево.

На 01.11.2024 година во СВР Куманово било пријавено дека околу 16.50 часот на локалниот пат во  село Љубодраг, кумановско, патничко возило удрило во пешак - С.Н.(53) од село Љубодраг, а потоа возачот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општата болница во Куманово. За настанот е запознат надлежен ЈО и бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Куманово.

Денеска (02.11.) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на слуачјот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.11.2024 година во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.11.2024 година во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто  Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Х.(22) и Р.М.(27) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја како и алуминиумска фолија со непозната течна материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваатсоодветени поднесоци.

На 01.11.2024 година околу 21,00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола кај месноста викана „Стара касарна“ во Битола од слобода биле лишени К.Б. (19), К.Е.(22) и 17 годишен малолетник сите од Битола. При преглед кај истите била пронајдена наркотична дрога - марихуана. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

На 01.11.2024 година во 19.35 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, кај селото Подмољје, лишен од слобода е К.В.(36) од Охрид. При извршен преглед на местото околу неговото моторно возило „Шкода“  каде бил сопрен, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа паковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.11.2024 godina во 13.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Л.(54) од Скопје пријавил дека на ул.„Интернационални бригади“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 01.11.2024 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, Е.Д.С.(41) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар во Скопје била касната од куче скитник.

Денеска (02.11.) во 00.30 во Полициската станица Гази Баба, Д.Ј. пријавил дека на ул.„Методија Анодонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан