• четврток, 19 декември 2024
МВР Билтен

Скопје, 30 март 2024 (МИА) - На подрачјето на Центар во Скопје ноќеска 50 минути по полноќ, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(29) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и таблета.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ноќеска во 02:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Гази Баба во Скопје ноќеска 10 минути по полноќ, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода А.К.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 11:20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Варшавска“ и ул.“Виенска“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(72) од Скопје, удрило во малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 Во СВР Скопје вчера во 12:30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонија“ и бул.„Св.Кирил и Методиј“ патничко возило „тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(51) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Х.П.(33) од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.П., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Вчера во 13:00 часот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје М.З.(82) од Скопје пријавила дека  додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера во 11:40 часот било пријавено дека на ул.„Теодосиј Гологанов“ во Скопје малолетник од Скопје кој управувал мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот и удрил во бетонски столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 18:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид мопед „априлиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(23) од Охрид, удрил во малолетен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Во полициската станица Аеродром вчера во 18:30 часот Т.Т.(25) од Скопје пријавила дека на бул.„Трета Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.

 Вчера во 20 часот во Полициската станица Аеродром М.Е.(37) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На граничниот премин Табановце вчера во 13:40 часот полициски службеници го лишиле од слобода П.Ш.(31) од Украина кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со украински национални ознаки поради тоа што при извршена гранична проверка приложил фалсификувана возачка дозвола.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.  

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се 142 мерки.

Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест мерки за користење на мобилен телефон при возење, три санкции за управување под дејство на алкохол...бак/

Фото: МИА архива

              

Остани поврзан