• вторник, 14 мај 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 13 јануари 2024 (МИА) - На 12.01.2024 во 14.50 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници го лишиле од слобода Х.К.(52) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена кафена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2024 во 21.30 часот во село Арачиново, скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Н.(25) од село Арачиново, скопско, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2024 околу 23 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат село Смојмирово - Виница, во близина на селото Мачево, беровско, патничко моторно возило „пасат“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(41) од Берово, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.П.(43) од Берово, додека со телесни повреди се здобила Д.Т.(28) од село Смојмирово, беровско, констатирани во Медицински центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

На 12.01.2024 околу 19.10 часот на подрачје на Штип, полициски службеници од СВР Штип извршиле контрола на патничко моторно возило управувано од П.Д.(20) од селото Таринци, општина Карбинци, во кое се превезувале уште три лица М.Б.(29) од Скопје, Х.А.(19) од Штип и едно малолетно лице од Штип. При преглед кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја. Лицата се лишени од слобода, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.01.2024 во 01.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е Х.П..(29) од Охрид. Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.01.2024 во 02.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е Г.Ш.(31) од Охрид, затоа што кај него полициски службеници пронајдоа кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М.(19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло...

На 13.01.2024 околу 01 часот, во село Церово, гостиварско, полициски службеници од слобода ги лишиле А.Е.(18), А.И.(26) и Ј.И.(21) од село Чајле, гостиварско, поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2024 околу 20 часот во близина на Дојран, патничко моторно возило „крајслер“, излетало во провалија, откако претходно не застанало на дадена наредба за запирање од страна на полициски службеници на раскрсница Смоквица и на влез во Валандово, туку продолжило со движење зголемувајќи ја брзината. При извршениот увид е констатирано дека во возилото се превезувале 11 лица, мигранти од Сирија, од кои едно лице починало на местото на настанот, едно лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека на останатите лица им била укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно- транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Според кажаното од мигрантите, возачот на возилото, пред да излета возилото, ја отворил вратата и скокнал, по што се дал во бегство. Увид бил извршен од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Валандово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера од 10 до 14 часот спроведоа акциска контрола на возачите колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците како учесници во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 22 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-3).Најголемиот број од прекршоците (18) се однесувале на непропуштање на пешаците на обележани премини. На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-13).

На 12.01.2024 во 20.40 часот во Полициска станица Велес, П.Т.(22) од Велес пријавил дека околу 16 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. бд/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан