• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 април 2023 (МИА) - На 30.04.2023 година во 02,10 часот во угостителски објект во Охрид од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје се лишени од слобода И.А.(30) и О.А.(30), двајцата од Скопје, затоа што кај О.А. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

На 29.04.2023 во 11.12 часот во Полициска станица Бит Пазар Р.Б.(33) од Скопје  пријавил дека околу 10.50 часот додека бил на своето работно место како обезбедување во маркет на подрачје на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.04.2023 во 10.00 часот во Полициска станица Драчево Ј.Ѓ.(45) од Скопје пријавил дека на ул.Иван Хаџи Николов бил нападнат од куче скитник. 

СВР Куманово поднесе кривичнa пријавa против А.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.04.2023 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, додека потоа, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин и марихуана. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.Ќ.(55) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.02.2023, полициски службеници извршиле преглед на лице од Штип, при што пронашле и одзеле амфетамин, кој го купил од пријавениот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.Р.(22) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Берово, при што пронашле и одзеле семки од растението канабис. 

На 30.04.2023 во 01.30 часот во Полициска станица Центар П.М.(20) од Скопје пријавил дека околу 00.00 во угостителски објект на подрачје на Центар бил физички нападнат од М.Б.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 00.45 часот во Полициска станица Бит Пазар С.Л.(64) од Скопје пријавил дека околу 00.30 часот настанал пожар во неговата куќа на ул.Чаирска, при што биле опожарени осигурувачи од струјна табла. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема.  

На 29.04.2023 околу 18.30 часот во Полициско одделение Шуто Оризари З.М.(28) од Скопје пријавила дека околу 18.00 часот пред казино на подрачје на Шуто Оризари била физички нападната од Л.К.(44) од Скопје со која се познавале од претходно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.04.2023 во 00,05 часот во СВР Куманово А.Б.(29) од Куманово пријавил дека во Куманово бил физички нападнат од Е.М.(35) од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во Полициска станица Куманово Д.Ж.(26) пријавил дека на 29.04.2023 пред куќа во село Војник, кумановско, сопственост на негов пријател, при, според пријавеното, невнимателно ракување со воздушна пушка испукал дијабола и ја повредил во раката својата сопруга Б.Ж., на која и е укажана лекарска помош во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 05,20 часот во Полициска станица Охрид К.С.(27) од Охрид пријавил дека околу 03,30 часот во угостителски објект во Охрид бил физички нападнат од Д.П.С., А.П.  и уште едно лице од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 околу 01.30 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека во угостителски објект во Битола Ш.З.(34) од с.Трново, битолско физички ги нападнал со тврд предмет А.Е.(21) и Љ.З.(36), двете од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 01,32 часот во СВР Штип М.М.(37) пријавила дека околу 00.30 часот пред угостителски објект во Штип Б.А.(35) од Скопје физички ја нападнал Р.А.(30) од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 01.56 часот во Полициска станица Делчево Д.В.(36) од с.Стамер, делчевско пријавил дека околу 01,40 часот пред угостителски објект во Делчево бил физички нападнат од А.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.04.2023 околу 23.30 часот во Полициска станица Берово е пријавено дека настанал пожар во плевна на ул.„Даме Груев“ во с.Русиново, сопственост на М.Б.(30) од с.Русиново. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Берово.  

На 29.04.2023 во 16.24 часот во Полициска станица Струмица С.С.(49) од Струмица пријавила дека околу 11.00 часот во Струмица била физички нападната од М.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.04.2023 во 17.20 часот во Полициска станица Струмица Е.Ф.(35) од с.Старо Балдовци пријавила дека околу 14.00 часот во с.Турново нејзиниот син бил физички нападнат од Б.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.04.2023 во 09.20 часот во Полициско одделение Ново Село Ј.Д.(84) од с.Дражево пријавила дека на 28.04.2023 околу 15.00 часот во с.Дражево, била физички нападната со тврд предмет од женско лице Ј.И.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.04.2023 во ОВР Кавадарци извршен е службен разговор со малолетник од Кавадарци по претходна пријава од малолетничка од Кавадарци, со која бил во љубовна врска, дека била малтретирана од него и дека и се заканувал. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство. 

На 30.04.2023 околу 02.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Морани, скопско настанал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.А.(44) од с.Морани. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.04.2023 во 19.00 часот во Полициска станица Радовиш С.О.(38) од Радовиш пријавила дека околу 17.40 часот во Радовиш таа и нејзината ќерка М.О. биле физички нападнати од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.04.2023 во 11.15 часот во Полициска станица Велес Ќ.Ј.(48) од с.Горно Врановци, Чашка пријавил дека на 28.04.2023 околу 12.30 часот во парк во Велес неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички од Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 29.04.2023 во 16.40 часот во Полициска станица Гостивар Ш.А.(58) од Гостивар пријавил дека околу 14.00 часот во Гостивар по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.04.2023 во 02,45 часот во Полициска станица Гостивар Д.Т.(44) од Гостивар пријавил дека околу 01,40 часот во Гостивар неговиот малолетен син по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Љ.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На ул.„Васил Главинов“ во Охрид, полициски службеници го затекнале пријавениот како на друго лице од Охрид дава марихуана. 

Фото: МИА архива

Остани поврзан