• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 јануари 2023 (МИА) – Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ по член 249 од Кривичниот законик. Имено, пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје, по што со неа на 19.12.2022, во една филијала на финансиско друштво, аплицирала за одобрување брз кредит, со што имала намера да се стекне со противправна имотна корист во износ од 32.000 денари, обидувајќи се да го доведе во заблуда вработеното лице во друштвото дека личната карта е нејзина.

Во СВР Битола денеска било пријавено дека Д.П.(35) од с.Могила се здобил со повреди додека извршувал работни задачи во круг на фирма во атар на с.Радобор, општина Могила. Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 183 возачи од кои 164 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 10 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 7 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирано возило.

Денеска околу 07:20 часот на ул.„Пролетерски бригади“, во близина на средно училиште во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга привеле малолетник од струшко село, затоа што кај него бил пронајден гасен пиштол. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци. Преку електронска порака, до оштетеното правно лице од Пробиштип, испратиле лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач. На тој начин тие причиниле вкупна материјална штета од 425.653 евра на правното лице од Пробиштип.

Вчера во 19:20 часот во СВР Скопје, М.С.(42) од с.Марино, општина Илинден, пријавил дека во угостителски објект во с.Марино бил физички нападнат од А.С.. Се работи на расчистување на случајот.

Синоќа во 22:05 часот во СВР Скопје, М.А.(21) од нас.Илинден пријавил дека во угостителски објект во с.Кадино, општина Илинден, бил физички нападнат од Г.Ц. од с.Ржаничино, скопско. Се работи на расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Е.(59) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“. На 05.01.2023 во Гостивар, пријавениот физички нападнал вработен во Државниот пазарен инспекторат Гостивар, кој преземал службени дејствија.

Завчера во 20:00 часот во СВР Скопје, В.Т.(33) од Скопје пријавил дека на работното место на бензинска пумпа на подрачјето на Драчево, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Во 23:30 часот завчера во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Драчево, четири малолетници биле физички нападнати од А.Б., А.Л., С.Л. и уште едно лице, кои употребиле и стаклени предмети. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 14:25 часот во СВР Тетово, 50-годишниот гостиварец И.А. пријавил дека на улица „Тоде Богдановски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.З.(44) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преземање службени дејствија, полициски службеници од СВР Тетово го забележале пријавениот како фрла пакување со марихуана, додека при проверка кај него било детектирано присуство на метаболити од кокаин.

Вчера во 19:30 часот во СВР Куманово, М.С.(33) од Куманово пријавила дека на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ била касната од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(69) од село Стримница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без лиценца“. На 27.10.2022 на регионалниот пат Тетово-Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген венто“, при што констатирале дека пријавениот врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца. фф/нд/

Остани поврзан