• сабота, 27 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 април 2024 (МИА) - На 17.04.2024 во 19.30 часот на улица „Кузман Јосифоски Питу“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.У.(49) од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.04.2024 во 19.00 часот на улица „Партизански бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Б.(49) од Струга, а на службен разговор бил повикан М.Е.(51) од Ресен. При контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал М.Е., Џ.Б. се обидел да фрли кесичка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.К.(24) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 11.04.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал неговата мајка и неговата малолетната сестра.  

На 17.04.2024 во 13.20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го привеле Т.М.(34) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (18.04.2024) во 01.35 часот во СВР Скопје, М.Р.(57) од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање, била физички нападната од М.Ц.(58) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, С.С.(39) физички ги нападнал Е.Р.(59) и С.Р (33), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.04.2024 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(47) и Ж.С.(27), од една страна и А.М.(23) и Ф.А.(24) од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, И.И.(43) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека на 11.04.2024 околу 17.00 часот во с.Кадино, по претходна расправија, бил физички нападнат од Д.Ѓ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.04.2024 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во населба Шуто Оризари во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на С.Ќ.(53) од Скопје. Од  пожарот делумно била зафатена и куќата на Џ. Ќ.. Притоа, на Ш.Ќ. ѝ се слошило и била префрлена во здравствена установа за укажување на помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

На 17.04.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 17.04.2024 во 20.35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.П.(38) од Виница. Според пријавеното, околу 19.45 часот му се слошило во дворот на В.Ф.(61) во Виница, по што бил пренесен во болницата во Кочани, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 17.04.2024 во 11.00 часот во Полициска станица Велес, Ј.Ш.(59) од Велес пријавила дека на улица „Андон Шурков“ во Велес била касната од куче скитник.

На 17.04.2024 во 19.20 часот во Полициска станица Велес, П.А.(41) од Велес пријавил дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 18.04.2024 во 10.10 часот, П.Ч.(64) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „4 Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 17.04.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, Х.Ц.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„68“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(44) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 08.03.2024 , по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал А.Н. и му нанел повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Б.(43) од Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство. На 01.04.2024, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата 38 - годишна сопруга и ѝ нанел повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.С.(39) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 09.04.2024 во семејниот дом, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал својот татко М.С. и му нанел повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.К.(25) и Г.З.(23), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.05.2023 во Тетово, првопријавениот бил забележан како му дава марихуана на второпријавениот, која при преглед кај нив била пронајдена и одземена.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.С.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.12.2023, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Џ.(35) од Маврово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На граничниот премин Табановце, пријавениот приложил странска фалсификувана возачка дозвола.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 06.12.2023 на регионален пат Тетово – Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило кое го управувал пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 19.12.2023 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(60) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 07.02.2024 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган. вг/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан