• недела, 27 октомври 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 26 октомври 2024 (МИА) - Денеска во 00:40 часот во Гевгелија, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т., 19-годишно лице од овој град, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Гевгелија и по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа во 22:10 часот, во кичевското село Зајас, лишен од слобода е У.Р., на возраст од 50 години од селото Грешница, кичевско.

При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, што неовластено ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Синоќа околу 20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т. , на возраст од 19 години од скопско.

Според пријавата, околу 19:35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет. Кај малолетникот бил пронајден и одземен нож, извршен бил службен разговор во полициската станица - Карпош, во присуство на родител, при што малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 00:30 часот на улицата „Павел Шатев“, полициски службеници го лишиле од слобода И.Р., на возраст од 45 години од Прилеп, затоа што при преглед кај него и возилото „форд" со прилепски регистарски ознаки, што го управувал, била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок

Полициски службеници од СВР - Битола вчера го лишиле од слобода З.Б., 31-годишник од овој град, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.

Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М., 28-годишник од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи" со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и В.М. е лишен од слобода. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 1:15 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин - Богородица во близина на селото Богородица сопреле патничко возило „сеат алтеа“ со косовски национални ознаки, управувано од З.М., на возраст од 36 години од Косово.

Притоа, во возилото пронајдени се осум лица - илегални мигранти, од кои седум од Сирија и едно лице од Египет. Заедно со возилото „сеат алтеа“ се движело и патничко возило „ауди“ без регистарски таблици, што не застанало на дадениот знак од полициските службеници, туку се оддалечило од местото на настанот. По кратко време, од него излегле осум лица - илегални мигранти, од кои шест од Кувајт и двајца од Сирија, а возачот се дал во бегство. З.М. е лишен од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 17 часот, полициски службеници од СВР - Тетово го лишиле од слобода И.Х., на возраст од 49 години од овој град, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, бил пронајден хероин.

И.Х. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 12:10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, врз основа на судска наредба за издржување на мерка притвор во траење од 30 дена, полициски службеници го привеле Н.С., на возраст од 34 години од село Шемшово, тетовско.

Тој е предаден во КПУ - „Затвор - Скопје“.

Денеска во 1:30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.А.(31), Д.Д.(41) и Д.С.(38), сите од главниот град на државава.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.  

Вчера во 12:05 часот во СВР - Скопје, Н.Б., 44-годишен скопјанец, пријавил дека околу 11 часот во објект на Управата за водење на матичните книги, на подрачјето на Центар, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од едно лице вработено во објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во 17:50 часот во СВР - Скопје, 27-годишна жена пријавила дека на 23 октомври околу 17 часот, во домот на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот сопруг А.А., на 29-годишна возраст.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Синоќа во 21:15 часот во полициската станица - Гази Баба, Ќ.А., на 23-годишна возраст од скопско Јурумлери, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко А.А., на возраст од 45 години.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 10:40 часот во СВР - Скопје, А.Ј., 45-годишна скопјанка, пријавила дека на подрачјето на Гази Баба, од залутано зрно од огнено оружје, оштетен ѝ бил кровот од нејзиното патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 10 часот во СВР - Скопје, М.Р., на возраст од 48 години, пријавил дека на 15 октомври на улицата „Прохор Пчински“, патничко возило удрило во него, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 00:05 часот во полициската станица - Кочани, Н.М., на возраст од 22 години, пријавил дека околу 23 часот, пред угостителски објект, бил физички нападнат од В.Б., двајцата од овој град.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа околу 21:30 часот било пријавено дека во стражарска просторија лоцирана во кругот на ОВР - Пробиштип, полициски службеник при чистење на службениот пиштол, испукал еден куршум при што се повредил во пределот на левата дланка.

Тој бил пренесен во Клиничката болница - Штип за укажување на лекарска помош. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Пробиштип.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против А.З., на возраст од 47 години од село Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Во текот на октомври 2022 година, пријавениот узурпирал државно земјиште и местото го заградил со метални шипки, а потоа на парцелата изградил објект без да поседува одобрение за градба.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Ж.Ј., на возраст од 45 години од село Подбеѓе, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

На 31.08.2023 на регионален пат Тетово - село Јажинце, полициски службеници извршиле сообраќајна контрола над патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека пријавениот врши јавен превоз без да поседува лиценца, издадена од надлежен орган.

ОВР - Гевгелија поднесе кривична пријава против А.И., на возраст од 54 години од Република Турција, со привремено престојувалиште во Црна Гора, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 18 октомври, пријавениот со патничко возило „фолксваген туарег“, сопственост на правно лице со седиште во Мралино, општина Илинден, од атар на село Богородица, превезувал седум мигранти, од кои тројца биле малолетници, сите од Сирија.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Н.А., на возраст од 41 година од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“ при вршење семејно насилство.

На 9 јуни во семејна куќа, по претходна расправија, физички ги нападнал неговата сопруга и малолетниот син, а неговата мајка ја турнал.

СВР - Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Е., на возраст од 54 години од село Камењане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

На 14 октомври на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека вршел јавен превоз без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен орган. 

Вчера во 17:25 часот во СВР - Куманово, од кумановската Општа болница било пријавено дека кај нив бил донесен А.П., на возраст од 70 години од овој град, со повреда во пределот на главата.

Од полициски службеници од СВР - Куманово, излезено било на местото на настанот и извршен бил увид и притоа, бил извршен службен разговор со неговите двајца малолетни внуци. Тие појасниле дека откако нивниот дедо не им отворил врата, се посомневале дека нешто не е во ред и насилно ја отвориле вратата и влегле во домот, при што го пронашле нивниот дедо со повреда на главата. А.П. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан