• недела, 07 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - ОВР Кичево поднело кривична пријава против Ј.Л.(52) од кичевското село Зајас, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

При преглед во неговиот автомобил „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, соопштија денеска од МВР, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.

На 04.07.2024 година во 10.55 на улица ,,Борче Јованоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле А.Д.(56) од Гостивар, а во 11.20 часот на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар ја привеле и Х.С.(36) тетовско Седларево, поради питачење. По документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед извршен на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 04.07.2024 во 23.15 часот во с.Сарај, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле Р.Р.(39) од с.Глумово, скопско, по пријава дека во вежбалница, по претходна расправија, со тврд предмет физички го нападнал Х.П.(21) од с.Љубин, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
 
На 04.07.2024 во СВР Скопје, А.И.(25) од Скопје пријавил дека на 01.07.2024 околу 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(44) од с.Требош, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 07.04.2024 во близина на семејниот дом во с.Требош, пријавениот без повод и причина, физички го нападнал неговиот татко, нанесувајќи му повреди.

На 04.07.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер Г.Н.(34). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против З.К.(34) од с.Двориште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“. На 05.06.2024 во с.Двориште, пријавениот физички нападнал тројца малолетници, упатувајќи им сериозни закани.

На 04.07.2024 во СВР Скопје, С.Ј.(43) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 01.07.2024 околу 20.30 часот во близина на железничката пруга во с.Волково, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Џ.К.(22) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 26.10.2023 на автопат, кај патарина Преод, полициски службеници запреле патничко возило во кое се превезувале Р.Р., А.М. и пријавената, кај која била пронајдена и одземена марихуана, која ѝ ја овозможила за користење на А.М.

На 04.07.2024 во 19.35 часот во СВР Скопје, Љ.Г.(47) од с.Миладиновци, скопско, пријавил дека во с.Марино, скопско, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 04.07.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во с.Горобинци, светиниколско, настанал пожар на сува трева, а од пожарот била зафатена штала во сопственост на Д.Ц.(32) од с.Горобинци. Повредени лица нема. Во пожарот покрај шталата изгореле две грла добиток, сточна храна, млин и други предмети. Од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.У.(62) од с.Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 14.12.2023 пријавениот до Одделот за управни работи Тетово доставил барање за замена на полска со македонска возачка дозвола, за која по извршена проверка преку Директоратот за конзуларни работи и меѓународно право при МНР е утврдено дека е фалсификувана.  

На 04.07.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Виница, П.И.(66) од Виница пријавил дека на 03.07.2024 околу 09.00 часот, во двор од семејна куќа во Виница, бил физички нападнат од неговиот сосед Б.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“. На 28.02.2024 во Градскиот парк во Скопје, пријавените му побарале пари на Ф.П.А. и се обиделе насилно да му го одземат паричникот.

На 04.07.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, А.Г.В.(45) од Скопје пријавила дека на 02.07.2024 околу 22.30 часот во Градскиот парк во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила одзело чанта со лични предмети од нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Л.(33) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. На 20.03.2024 пријавениот, управувајќи работна машина-багер, оштетил електричен кабел, кој го користи Армијата на РСМ, односно касарната Еребино, која останала без електрично напојување и без вода. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан