• среда, 26 јуни 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 1 јули 2023 (МИА) - Денеска (01.07.2023) во 11.00 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „Јордан Мијалков“ работно возило (градежна машина-багер) управувано од И.А.(42) од с.Грчец-скопско удрило во  Л.Ј.(66) од Скопје, која починала на местото на несреќата.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

На 30.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул. „Леринска" во Битола го лишиле од слобода Н.П.(43) од Битола ,а на ул. „Генерал Васко Карангелевски" го лишиле од слобода Е.Р.(38) од Битола постапувајќи по добиена пријава од 56- годишен маж од Битола дека истиот ден Н.П. и Е.Р. му се заканувале со остар предмет.

По документирање на настанот, против Н.П. и Е.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.07.2023 во 00.25 часот В.В.(28) од Скопје, пријавил дека во казино на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице од обезбедувањето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2023 во 16.50 часот било пријавено дека во с.Долно Соње-скопско на место викано “Брзовец“ настанал пожар во викенд куќа сопственост на О.М.(38) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 30.06.2023 во 09.57 часот Е.П.(37) од Куманово пријавила дека додека била на нејзиното работно место во Центарот за социјални работи во Куманово, М.С. од Куманово и упатувала закани и се обидела физички да ја нападне.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.06.2023 во 19.30 часот било пријавено дека во с.Мелница-о.Чашка пред куќа било паркирано патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, паркирано од С.З.(44) од истото село, но во еден момент возилото почнало да се движи и удрило во седум малолетници.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, а со телесни повреди се здобиле шест малолетници, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

На 30.06.2023 во 23.30 часот С.М.Л.(21) од Велика Британија и Ф.Л.(35) од Романија пријавиле дека во населбата Нова Колонија во Скопје, во близина на спортска обложувалница, биле физички нападнати од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2023 во 20.05 часот А.С.(42) од Скопје, пријавил дека околу 12.20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, додека управувал автобус на ЈСП, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице кое било со патничко возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2023 во 11.50 часот Д.П.(30) од Скопје, пријавил дека на 28.06.2023 околу 00.00 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неколку лица со тврди предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2023 во 09.10 часот 38- годишна жена пријавила дека во с.Трубарево-скопско била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг В.Б.(39) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.06.2023 во 12.50 часот било пријавено дека околу 11.00 часот во с.Арачиново-скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, Ф.Р.(21) од истото село бил физички нападнат со остар предмет од Б.С..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.06.2023 во 20.30 часот Д.Т.(63) од Скопје пријавил дека на 29.06.2023 околу 23.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.07.2023 во 05.10 часот А.С.(27) од Скопје, пријавил дека околу 02.20 часот во Градскиот парк во Скопје бил нападнат од четири лица, кои му одзеле златен ланец, а едно од лицата му се заканувало со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.06.2023 во 16.15 часот К.Б.(29) од Прилеп пријавил дека во Прилеп бил физички нападнат од А.Н. и М.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 30.06.2023 во 18.00 часот во касарната Илинден од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Ф.А.(26) и М.Е.(21), двајцата од Мароко, кои претходно од вработените биле затекнати во кругот на касарната.

Тие биле спроведени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.

На 30.06.2023 во 18.00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, Т.Ј.(59) од охридската населба Рача, при изведување работни активности во дворното место, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

На 30.06.2023 во СВР Охрид пријавено е дека, О.Р.(58) од селото Рајце, Република Албанија, се повредил при изведување работни активности- сеча на дрва во месноста „Руен“, атар на струшкото село Франгово.

Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди.

На 30.06.2023 од 15.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени акциски сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници санкционирале 45 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-22, Струга-10, Кичево-10, Дебар-03).

На 30.06.2023 во 10.40 часот О.С.(61) од Скудриње пријавил дека во населбата Маврови Анови бил физички нападнат од негов колега Д.С.(60) од истата населба. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.06.2023 во 10.00 часот Н.Ш.(59) од Гостивар пријавил дека на 29.06.2023 околу 01.00 часот во казино во Гостивар бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2023 во 20.40 часот С.А.(39) од Тетово пријавила дека околу 14.00 часот во Тетово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од с.Мала Речица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2023 во 19.10  часот И.И.(55) од с.Долно Палчиште пријавил дека околу 18.30 часот во истото село бил физички нападнат со тврд предмет од негов соселанец Н.М.(49). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. сст/

фото МИА архива

 

 

 

Остани поврзан