МВР билтен (ДПЛ)
- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.М., на возраст од 22 години од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, преку социјална мрежа испраќал заканувачки пораки на вработен во МВР и на неговото семејство.
Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против З.Н., полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“, казниво по член 390 од Кривичниот законик. На 20 февруари во гаражата на ОВР Крушево, каде што биле одложени на чување службени материјали за чување во картонски кутии, земал дел од кутиите со службени материјали, меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација и ги фрлил во приколка на Ј.П. „Комуна“, која во тој момент вршела редовно подигање на смет, со што уништил книги или спис што му припаѓаат на државен орган ОВР Крушево. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавениот поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Вчера на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 18 прекршоци, од кои шест надвор од населено место и 12 во населено место. Санкционирани биле и 25 останати видови на прекршоци.
Вчера во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во една просторија во Казнено - поправната установа „Затвор Битола“ во битолско Горно Оризари, настанал пожар при што со повреди се здобил битолскиот осуденик Т.К., на возраст од 33 години. Пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
Вчера во 17 часот во СВР Скопје, скопјанецот З.С., на возраст од 50 години, пријавил дека околу 12.45 часот пред влезот на основно училиште во село Бардовци, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други ученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа во 23 часот во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Влае, пријавено било дека околу 22.45 часот во домот влегле неколку лица, кои барале дете, кое наводно им украло мотор. Според пријавеното, откако извршиле пребарување во сите простории и се увериле дека лицето не е во домот, го напуштиле местото со две возила. Се преземаат мери за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца скопјани, Н.С., на возраст од 32 години и М.И., на возраст од 52 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 02.08.2023, М.И. со нож му нанел убодна рана на И.С., на возраст од 28 години, по што Н.С. со огнено оружје пукал кон второпријавениот и кон малолетник и им нанел прострелни рани.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовецот М.Н., на возраст од 25 години, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ во врска со семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство. На 7 февруари, пријавениот физички го нападнал неговиот 48-годишен татко и му упатил закани.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.М., на возраст од 28 години, од селото Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. На 13.11.2023 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга и ѝ нанел повреди.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т., на возраст од 47 години, од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 19.02.2024 во угостителски објект во Скопје, пријавениот физички ја нападнал неговата 37-годишна сосетка.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје и еден малолетник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавените, на 11 февруари во трговски центар во Скопје, поради претходно недоразбирање, физички нападнале друг малолетник и му нанеле повреди.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(58), Н.Т.П.(40) и Т.Ч.(57), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавените, во својство на претседател и членови на комисијата за трансформација на работен однос при општина Битола, не извршиле проверка на барањата за трансформација на работно место.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.М., на возраст од 35 години од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 18.01.2022, полициски службеници извршиле контрола над пријавениот, при што констатирале дека приложил лажна возачка дозвола од Белгија.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ј.П., на возраст од 38 години од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.10.2023 на магистралниот пат Кичево - Македонски Брод, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против M.Г., на возраст од 42 години од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.08.2023 во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило управувано од М.Г., при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.П., на возраст од 36 години, од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.10.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М., на возраст од 24 години од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и повеќе куршуми различен калибар.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С., на возраст од 27 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед кај пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле кокаин, кој се обидел да го внесе во Казнено - поправната установа „Затвор Куманово“.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И., на возраст од 32 години од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.01.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.З., на возраст од 47 години од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.11.2023, полициски службеници го забележале пријавениот како фрла марихуана, амфетамин и таблети МДМА, кои ги пронашле и одзеле.
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(28) и Е.М.(22), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дигитална вага, додека пак, при преглед на второпријавениот и неговото патничко возило пронашле и одзеле марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М., на возраст од 49 години од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во дом на лице од Прилеп, при што пронашле и одзеле амфетамин, кој го набавил од пријавениот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(20), М.К.(20) и Д.Ќ.(20), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.06.2023 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на второ и третопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, која ја набавиле од првопријавениот, а подоцна им овозможиле на други лица да ја користат.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Ц., на возраст од 78 години од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во јули 2023 во Струга, пријавениот доградил еден кат на сопствената куќа, а за тоа не поседувал одобрение за градба.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Д., на возраст од 34 години од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 11.02.2024 во Кичево, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Б., на возраст од 44 години од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 18 февруари, пред угостителски објект во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.М., на возраст од 22 години од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, преку социјална мрежа испраќал заканувачки пораки на вработен во МВР и на неговото семејство. бд/
Фото: МИА архива