Скопје, 3 ноември 2024 (МИА) - Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Д.(52) од Скопје пријвил дека истиот ден околу 11.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од едно лице, кое му упатувало и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.11.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(43) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 10.30 часот во СВР Скопје, М.Ш.(25) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09.45 часот на бензинска станица на подрачјето на Чаир, додека бил на своето работно место бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.11.2024 година во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Б.(18) и Б.Ѓ.(19) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.11.2024 година во 13.00 часот, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово, ги привеле А.А.(35) од село Боговиње, и М.Б.(42) и Х.Б.(32) двајцата од село Порој, кои по случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка, додека полициските службеници вршеле обезбедување на лице место од незгодата, случена на кружен ток од улицата „Видоје Смилевски Бато“ и улицата „Илинденска“. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (03.11.) во 01.30 часот во Полициската станица Карпош, М.С.(34) од Скопје вработена како новинар – истражувач, пријавила дека на социјална мрежа и биле упатувани закани од лажен профил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (03.11.) во 01.45 часот во СВР Тетово М.К. пријавил дека во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка меѓу лицата Х.К.(23) и Ф.К.(24) од село Сараќино од една и лицата Ѓ.Б.(23) К.Л.(24) и С.Р.(23) тројцата од Тетово, од друга страна. Од страна на полициски службеници при СВР Тетово лицата учесници во тепачката се лишени од слобода, задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 14,00 часот во ПС Ѓорче Петров А.Б. (35) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,50 часот во парк во населбата Ѓорче Петров непознато женско лице на возраст од 45 до 55 години се обидело да ја грабне нејзината тригодишна ќерка. По примената пријава и превземените мерки во 16.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со лицето М.М.(46), а за настанот е информиран и надлежен ЈО по чии што насоки лицето М.М. било писмено предупредено.
На 02.11.2024 година во 16.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат С.И.(48) од Струга. Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а од страна на екипа од ЕНК ОКСД и од ЕУМНА извршен е увид. За случајот е известен надлежен ЈО и по негови насоки телото на починатиот било предадено на обдукција.
На 02.11.2024 година во 10.20 часот во СВР Битола, А.Т.(23) од село Брусник, битолско, пријавил дека на ул.„Тодор Паница“ во Битола од страна непознат сторител му било одземено неговото патничко моторно возило марка „Форд" со битолски регистарски ознаки. Истото пријавителот го оставил незаклучено и со клуч на бравата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.
На 02.11.2024 година во 09.05 часот, во охридското село Лескоец, лишен од слобода е В.П.(34) кој претходно, во семејниот дом физички и со тврд предмет, нападнал членови на семејството. Се работи на расчистување на случајот по што за лицето ќе следи соодветна пријава.
Денеска (03.11.) во 03.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле Б.С.(20) од Скопје поради тоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.11.2024 година во 11.50 часот во Полициската станица Гази Баба, О.С.(44) од село Р`жаничино, скопско, пријавила дека во парк на подрачјето на Гази Баба во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. ра/лв/
Фото: МИА архива