• понеделник, 15 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Во текот на изминатата вечер (13/14.07.2024) во периодот од 18.00 до 01.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 46 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 25 возеле без возачка дозвола, пет возеле со измината важност на сообраќајната дозвола...

На 13.07.2024 во 23.15 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ѓ.М.(32) од Радовиш. При преземање на службени дејствија кон него, Ѓ.М. фрлил марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.07.2024 во 16.10 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.П.(22) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на улица „Илинденска“ во Кавадарци,  додека се превезувал со патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(22) од Кавадарци, преку прозорецот од возилото испукал два куршуми од гасен пиштол. Во возилото бил пронајден и одземен пиштолот и неиспукани куршуми кои ги поседувал без одобрение, а биле пронајдени и подигнати и испуканите чаури. По документирање на настанот, против М.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.07.2024 во 22.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,Браќа Миладинови"  во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило, кое го напуштило местото на настанот, и електричен тротинет управуван од А.Д.(25) од Тетово, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

На 13.07.2024 во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Лешок, тетовско се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „опел“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Е.Н(44) од Доброште, и патничко возило „шевролет" со тетовски регистерски ознаки, управувано од Д.А.(69) од Рогачево. Со тешки телесни повреди се здобиле Д.А. и неговата сопатничка Г.А., констатирани во Клиничката болница во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

На 13.07.2024 во 23.40 часот на локален пат од тетовско Жеровјане кон  село Радиовце, патничко возило „голф" со германски регистерски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од тетовски Челопек, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Х.Ј.(24) и малолетник, двајцата од Челопек. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

На 13.07.2024 во 20 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ја лишиле од слобода Е.Н.(49) од Штип, поради тоа што околу 19.30 часот од домот на 64-годишен скопјанец одзела паричник. Со неа бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветна кривична пријава.  

На 13.07.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје К.С.(61) од с.Волково-скопско пријавил дека од заталкано зрно оштетени биле покрив од гаражата и предната хауба од неговото патничко возило „голф“. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.  

На 13.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Драчево Н.М.(41) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Е.М.(13) која и претходно се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 13.07.2024 во 16.40 часот во СВР Скопје И.А.(29) од с.Сарај-скопско пријавил дека околу 15.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од А.Д.(28) и С.Д.(27), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.07.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје Д.С.(48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна вербална расправија бил физички нападнат од неговиот сосед В.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 13.07.2024 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода З.М.(27), М.С.(29),М.К.(27), А.К.(24), М.К.(50), М.К.(30), Ш.К.(52), Е.Д.(43), Џ.Д.(23), А.Д.(25) и Џ.Ј.(28) сите од Штип, по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со членови од друго семејство, Ј.М.(43), Е.М., М.М., З.М.(19), Г.М., Р.М. и Г.М., а биле употребени и разни тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На 13.07.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„1722“ и локален пат кон с.Шишево, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на МВР, и мопед „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(21) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники  „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.07.2024 во 12.20 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.З.(41) од Свети Николе, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, по претходна пријава од 69-годишната мајка на Д.З. дека во семејниот дом Д.З. агресивно се однесувал кон неа и и упатувал закани. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.07.2024 во 01.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.М.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение дека на 12.07.2024 околу 20.15 часот со закана со остар предмет му одзел пари на Ф.С.(19) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Денеска (14.07.2024) во 00.10 часот во СВР Штип, Б.К.(35) од Штип пријавил дека на 13.07.2024 околу 23.30 часот во угостителски објект во Штип, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од С.Ш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 13.07.2024 вo 21.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„Цветан Димов“ со ул.„Чаирска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Ј.(21) од Скопје, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(31) од Швајцарија и патничко возило „шкода октавиа“, сопственост на МВР. Во незгодата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. нд/

 

 
 

Остани поврзан