• петок, 22 ноември 2024

МВР:  Заеднички да го одбележиме 22-от роденден на Единицата за брзо распоредување

МВР:  Заеднички да го одбележиме 22-от роденден на Единицата за брзо распоредување

Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Денот на Единицата за брзо распоредување - 23 Август ќе биде одбележан на две локации, во Куманово и во Скопје. Утрешните целодневни активности ќе почнат во 9:30 часот во кругот на СВР Куманово со откривање на спомен-обележје на полициските службеници кои го положија својот живот за почитување на Уставот, законот, мирот и безбедноста на државата, соопшти МВР. 

Во 10:30 часот во паркот во Куманово граѓаните ќе имаат можност да се дружат со припадниците на Единицата за брзо распоредување, каде ќе биде поставена и опремата со која располага Единицата. Граѓаните ќе имаат можност покрај дружбата со полициските службеници и да се фотографираат со опремата, да влезат во полициските возила итн. Граѓаните ќе можат да останат во паркот во Куманово заедно со припадниците на Единицата за брзо распоредување.

Во Скопје, во базата во Ѓорче Петров ќе биде положено цвеќе на спомен-плочата на загинатите и починати припадници на ЕБР. 

Централната прослава на свеченоста по повод одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување е закажана на паркингот пред базенот во Куманово со почеток од 19:00 часот.

- Ве повикуваме да дојдете заеднички да го прославиме Денот на формирањето на Единицата за брзо распоредување. Ние го продолжуваме веќе поставениот концепт „МВР за граѓаните“, се наведува во соопштението од МВР. мд/ев/

 

 

Остани поврзан