МВР Билтен
- Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во текот на вчерашниот ден ja лишиле од слобода Г.Б.(27) од Гостивар поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело „неовла
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во текот на вчерашниот ден ja лишиле од слобода Г.Б.(27) од Гостивар поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" казниво по член 215 од Кривичниот Законик. По извршен претрес од полициските службеници во 21:45 часот, а по претходно издадена судска наредба од Основен суд Гостивар во нејзиниот дом во Гостивар била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22 мај околу 16:15 часот на регионален пат Куманово-Липково се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фоксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од село Липково, кумановско и патничко моторно возило „фоксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од село Лопате, кумановско и сопатничка Љ.К.(32) од село Лопате. Во незгодата, со тешки телсени повреди се здобила Љ.К., а со повреди се здобил А.А. на кои им била укажана лекарска помош во Медицински центар Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Во текот на вчерашниот ден, во 22:00 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници бил приведен Б.Б.(33) од Косово бидејќи при пасошката контрола се послужил со фалсификувана патна исправа. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден, во 15:30 часот во Штип на улица „Сремски фронт“, С.М.(57) од Штип кој управувал мопед „APN-6“ со штипски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот, и паднал на коловозот. По незгодата на С.М. во Клиничката болница Штип му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
На 22 мај околу 19:30 часот во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Е.З.(30) од Албанија, постапувајќи по претходно пријавен физички напад и непријавен престој во Северна Македонија. Од страна на Основен суд Тетово со пресуда на лицето му е изречена прекршочна санкција и санкција протерување на странец со забрана за влез во времетраење од две години.
На 22 мај во 22:30 часот во Скопје на улица „Лазар Трповски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Е.(36) од Скопје и мопед „жен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.А.Џ.(23) од Скопје. Во незгодата, В.А.Џ. се здобил со тешки телесни повреди и му е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Во текот на вчерашниот ден во 16:40 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ од полициски службеници бил лишен од слобода Г.Е.(21) од Грција поради постоење основано сомнение дека приложил фалсификуван личен документ. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.
На 22 мај во 23:30 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е приведена M.Х.(42) од Босна и Херцеговина бидејќи по извршената проверка констатирано е дека истата незаконски и непријавено престојувала во Северна Македонија. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово, за понатамошна постапка.
На 22 мај во 17:10 часот во Прилеп на улица „Беровска“, патничко моторно возило „лада рива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.У.(23) од Прилеп удрило во малолетник-пешак од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот на кој му е укажана лекарска помош во Општата болница-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп. ки/