• среда, 03 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 21 март 2022 (МИА) - Полицијата утрово, околу 9 часот, на улица „Јани Лукровски“ во Скопје, го лиши од слобода Б.А.(27) од село Брест, со престојувалиште во село Брњарци. Тој бил баран со судска наредба за издржување казна затвор од една година и шест месеци. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправнa установа за издржување на казната.
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, утрово во 09:35 часот на улица „Борис Трајковски“ го лишиле од слобода Ш.К.(44) од  село Цветово, скопско. Тој се барал со централна потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
На 21.03.2022 во 00:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 20.03.2022 околу 16:35 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово  ги лишиле од слобода Г.К.(18) и 17-годишник од Тетово. Тие се сомничат дека непосредно пред тоа, со уште две други малолетни лица, исто така, од Тетово, со употреба на сила влегле во магацин на фабрика и одзеле повеќе предмети. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.  Изминатиот викенд, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и законски санкционирани вкупно 16 возачи (Тетово-9 и Гостивар-7) кои управувале под дејство на алкохол и тие веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се соодветни поднесоци, а и времено им биле одземени нивните возачки дозволи. Во контролата санкционирани се и 21 друг вид сообраќаен прекршок (ТЕ-17 и ГВ-4). На 20.03.2022, пак, на тетовското подрачје биле откриени и санкционирани 6 возачи без положен возачки испит и валидна дозвола и 4 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, а на гостиварското подрачје 2 возачи без дозволи, 1 со истечена регистрација на возилото и 1 возач-почетник, кој не се придржувал на законските ограничувања.На 20.03.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 62 прекршоци, од кои 30 надвор од населено место и 32 во населено место. Санкционирани биле и 23 други видови на прекршоци, од кои 15 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 4 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Во текот на изминатиот викенд  на подрачјето на СВР Куманово  спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 27 возачи, од кои 16 на подрачјето на Куманово и 11 во Крива Паланка.На 20.03.2022 во 17:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат населба Домачки Дол - Осичка Maала, кривопаланечко, на место викано „Радева воденица“, патничко возило „цитроен саксо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(49) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.На 20.03.2022 во 17:00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Т.(28) од Скопје пријавила дека во парк-шума Гази Баба била касната од бездомно куче.На 20.03.2022 во 17:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат за село Добрашинци, струмичко, во близина на мост на река „Струма“, патничко возило „Форд фиеста“, со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д.(18) од село Нова Mаала, струмичко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д. и сопатникот Ж.М.(34) од село Радичево, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.  На 21.03.2022 во Полициската станица Велес, Т.К.(31) пријавил дека на улица „Андон Шурков“ бил каснат од бездомно куче. ки/дма/

Остани поврзан