• среда, 02 октомври 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 30 јануари 2021 (МИА) - На 29.01.2021 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на наплатна рампа Петровец го лишиле од слобода Ш.С.(23) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 29.01.2021 во 18.45 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „мото зета“, управуван од А.С.(40) од Скопје и патничко возило „пежо 607“, управувано од М.А.(39) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата А.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.   На 29.01.2021 во 17.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Ш.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Трпковски“ била касната од куче скитник.
На 29.01.2021 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, Ј.К.(43) од Скопје пријавил дека во близина на спортски центар на подрачјето на Карпош бил каснат од куче скитник. На 29.01.2021 во 12.15 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на ул.„Трифун Хаџијанев“, патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во пешак М.Ј. од Скопје.
По незгодата, возачот ја пренел М.Ј. во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А. (58) од с. Порој, тетовско, сопственик и управител на угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 31.12.2020 во 23.04 часот во Тетово, на ул.„Маршал Тито“, при извршена контрола од полициски службеници од СВР Тетово, во врска со воведената забрана за работа на угостителските објекти за посетители по 18.00 часот, со цел спречување на ширење на заразната болест ковид-19, било констатирано дека угостителскиот објект работи и во него биле затекнати гости послужени со пијалаци на масите. Пријавениот бил лишен од слобода и приведен во СВР Тетово за понатамошна постапка. На 29.01.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Прилеп од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив бил донесен Е.К. (39) од Р Турција, кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи за правно лице во прилепско.
Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител, трудов инспектор и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. сст/мч/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан