• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 18 април 2021 (МИА) - На 17 април во 13:10 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на улица 120 во Тетово, што бил отворен и во кој биле послужени неколку гости. Објектот е времено затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственичката Ј.Б.Н.(49) била лишена од слобода и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77, девет санкции за возење без возачка дозвола, две за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, две за непрописно престројување, три санкции за нерегистрирани возила, две за минување на затворен сигнал и 31 мерка за непрописно паркирани возила. Во текот на вчерашниот ден во 09:50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид –Кичево кај Ново село патничко моторно возило „Форд мондео“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(47) од Тетово излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид. На 17 април во 19:15 часот во Полициската станица Гази Баба Л.Д.(43) од Скопје пријавила дека на улица Благоја Стефковски“ била касната од бездомно куче. На 17 април  во 12:00 часот во Полициската станца Центар Д.Ц.(28) од Охрид пријавил дека на улица Светиниколска“ бил каснат од бездомно куче. СВР Велес, СВР Штип и СВР Битола поднесоа кривични пријави против М.Ј.(26) од село Криволак, неготинско, Г.И. од село Град, делчевско и И.Д.(20) од село Вардино, демирхисарско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, на 7 април оваа година се движеле без дозвола за движење за време на ограничувањата дадени од страна на Владата на Република Северна Македонија за забрана за движење на возила и лица во периодот од 20:00 до 05:00 часот. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.М.(50) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 5 февруари 2021 година во Кичево, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај И.М., при што пронашле и одзеле  марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана. ки/

Остани поврзан