• сабота, 27 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 7 август 2022 (МИА) - Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје. На 04 август беа лишени од слобода Ш.И.(31) од село Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од село Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на улица „Ѓорче Петров“ во Скопје. Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29 јули и 1 август во Скопје. На 29 јули во 22:23 часот во продажен објект на улица „Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети и на 1 август во финансиско друштво на улица „Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари. По документирање на случаите, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување на казна затвор од околу седум години, од каде претходно бил во бегство. Додека, пак на лицето Л.Ј. му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена. Во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Скопје во период од 00:00 до 02:00 часот во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. При контролата, во еден угостителски објект биле затекнати пет малолетници после 24.00 часот. По документирање на случајот против лицата и правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат биле констатирани прекршоци во контролираните објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.
На улица „Босна и Херцеговина“ во Скопје, утрово во 08:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(39) и Ј.О.(25), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во Делчево, вчеравечер полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.Ѓ.(27) од Делчево затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На улица „Маршал Тито“ во Тетово, во два часот по полоќ полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Е.(26) од Тетово затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 06.08.2022 во 21:50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17:00 часот откако го земал неговото дете од приватна детска градинка на булевар „Илинден“ забележал дека со детето нешто не било во ред. Според пријавеното, тој контактирал со градинката и го известиле дека една од вработените додека го носела детето се сопнала и паднала, за што го информирале управителот, но не и родителите. Во приватна болница во Скопје била констатирана тешка телесна повреда кај детето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 06.08.2022 во 13:30 часот на улица „Даме Груев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.Г.(39) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 06.08.2022 во 11:29 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот починало осуденото лице Е.М.(33) од Кочани. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. На 06.08.2022 во 15:40 часот во Крива Паланка, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка го лишиле од слобода С.К.(65) од Крива Паланка затоа што физички нападнал вработена во продажен салон во Крива Паланка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 06.08.2022 во 20:00 часот во СВР Скопје, В.С.(31) од Скопје пријавил дека во неговиот двор пронашол залутано зрно од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот. На 06.08.2022 во 14:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди бил донесен Ј.П.(56) од село Петровец, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот. На 07.08.2022 во 04:10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.Б.(35) од Струмица затоа што околу 01:00 часот ја нападнал неговата сопруга со остар предмет, при што го повредил и нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 06.08.2022 во 20:21 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од скопско пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче Т.А.(26) од село Долно Соње. Се работи на расчистување на случајот. На 06.08.2022 во 14:30 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 13:40 часот на автобуска постојка на булевар „Киро Глигоров“ била физички нападната од К.Б. од село Раштак. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 06.08.2022 во 16:00 часот во СВР Куманово, Б.З.(34) од Куманово пријавила дека на 05.08.2022 околу 22:30 часот во населба Перо Чичо нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице, кое било сопатник во возило кое претходно го удрило мотоциклот на кој седел. Се работи на расчистување на случајот. На 07.08.2022 во 01:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода К.К.(41) од Кавадарци, И.А.(20) од с.Сирково- женско лице, И.Ј.(43) од Кавадарци и В.А.(24) од с.Сирково – женско лице затоа што во угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се работи на расчистување на случајот. На 06.08.2022 во 21:20 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, во близина на наплатна станица Сопот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Д.(31) од Неготино и Е.Џ.(41) од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 07.08.2022 во 03:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека во угостителски објект Струмица, Д.Г.(21) бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот. На 07.08.2022 во 00:10 часот на булевар „.Александар Македонски“ во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Џ.А.(21), М.Д.(25) од Радовиш, од една страна и Д.Т.(22) од Радовиш, С.К.(31) од с.Ораовица, радовишко затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 06.08.2022 во 15:10 часот во СВР Струмица, Б.М.(29) од Струмица пријавил дека во Струмица бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот. На 06.08.2022 во 20:30 часот во ОВР Радовиш, 74-годишен радовишанец пријавил дека околу 19.00 часот во дворот од семејната куќа бил физички нападнат од неговиот син А.А.. Се работи на расчистување на случајот. На 07.08.2022 околу 01:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.М.(41) и Н.Г.(44), двајцата од Скопје. Се работи на расчистување на случајот. На 07.08.2022 во 00.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кочо Рацин“ настанал пожар во товарно возило - комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ќ.Д.(62) од Чифлик-Сопиште. Од пожарот било зафатено и товарно возило - комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(64) од Скопје. Во истиот период на бул.„Кочо Рацин“ било пријавено дека е опожарен мотоцикл „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б.(46) од Скопје, од кој било зафатено и неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случаите. На 06.08.2022 во 21:06 часот во Полициската станица Центар, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив околу 18:00 часот бил донесен А.Т.(64) државјанин на БиХ, со пријавен престој с.Средно Коњари, скопско, кој во 18:27 часот починал. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. На 06.08.2022 во 09:20 часот во Полициската станица Кочани, Т.А.(60) од с. Тркање, кочанско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата мајка В.А.(82), која била со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. На 07.08.2022 во 01:45 часот во Градскиот парк во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.П.(23) од Битола затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 07.08.2022 во 05:10 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Д.(21) од Тетово затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  ки/

Остани поврзан