• понеделник, 18 ноември 2024

Мбапе имал консензуален секс со девојка во Стокхолм, не е познато дали таа или друга жена се пожалила на силување

Мбапе имал консензуален секс со девојка во Стокхолм, не е познато дали таа или друга жена се пожалила на силување

Париз, 17 октомври 2024 (МИА) - Станаа познати деталите за тоа што му се случи на Килијан Мбапе во Стокхолм. Претходно се дозна дека е покрената полициска истрага за жалба за силување во хотел во центарот на Стокхолм, каде напаѓачот на Реал Мадрид и неговите пријатели ја поминале ноќта за време на патувањето во Шведска. Мбапе ја нарече оваа информација „лажна“.

Шведските обвинители објавија соопштение за печатот во кое најавија отворање на прелиминарна истрага по пријава за силување, без да го споменат името на францускиот интернационалец. Сепак, набрзо се појавија информации дека силуваната жена го навела Мбапе како виновник за инцидентот.

Според „Le Parisien“, Мбапе пристигнал во Стокхолм на иницијатива на дефанзивецот на Баер Леверкузен, Норди Мукиеле, поранешен соиграч на Килијан во ПСЖ. Таму, напаѓачот на Реал Мадрид се сретна со извесен Марко, организатор на настанот. Така беше организирана забава, на која меѓу другите беа поканети и млади девојки.

Мбапе се сретна со една од нив, го напушти ноќниот клуб со неа и се упати кон хотелот „Банк“. Следниот ден размениле пораки, од кои станува јасно дека парот имал консензуален секс.

Во исто време, ништо не потврдува дека девојката со која Мбапе ја поминал ноќта и жалителот во случајот за силување се исто лице. „Le Parisien“ признава дека Французинот можел да има средба со друга жена во текот на ноќта. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан