• четврток, 25 април 2024

Маја Санду на крајот од самитот на ЕПЗ: Ја обединивме Европа за да го вратиме мирот

Маја Санду на крајот од самитот на ЕПЗ: Ја обединивме Европа за да го вратиме мирот

Кишињев, 1 јуни 2023 (МИА) - Претседателката на Молдавија, Маја Санду денеска изјави дека на самитот на европската политичка заедница во таа земја се покажале „силата и единството“ во време кога е загрозена стабилноста на Европа.

„Денеска го собравме целиот континент овде за да ги потврдиме силните меѓусебни односи, да го вратиме мирот во Европа. Покажавме сила и единство кога стабилноста на нашиот континент е загрозена“, рече Санду на прес-конференцијата на крајот од самитот.

На заедничката конференција со премиерите на Чешка и Шпанија, Санду рече: -Покажавме дека сме обединети против најголемата агресија од Втората светска војна.

Таа додаде дека лидерите разговарале и за заеднички акции кои ќе ја направат Европа посилна и побезбедна.

Премиерот на Шпанија, каде што ќе се одржи следниот самит на 5 октомври, изјави дека денешниот состанок не се одржал случајно во Молдавија и дека земјата „може да смета на европското семејство“.

Европската политичка заедница е неформален дипломатски форум создаден минатата година на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан