Машко првото бебе во Тетово
- Родено е 35 минути по полноќ со царски рез во тетовската болница.
Тетово, 1 јануари 2025 (МИА) - Првото новородено бебе во Тетово годинава е машко. Родено е 35 минути по полноќ со царски рез во тетовската Болница.
Како што беше информирано, тешко е 2.850 грама и долго 50 сантиметри. Тоа е второ дете на родителите Улфет и Бесар Ислами од Мала Речица.
Според стручниот тим предводен од докторите Нагип Руфати и Љуљета Муљаку и педијатарот доктор Антигона Треневскa, бебето е во добра здравствена состојба. ас/бд/
Фото: МИА архива