• среда, 15 мај 2024

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот
Њујорк, 5 април 2022 (МИА) - Илон Маск првпат се најде на врвот на светската ранг листа на Форбс, пред Џеф Безос, кој четири години е најбогат човек на светот. Според изданието, до денеска, богатството на Маск се проценува на 219 милијарди долари. Исто така, меѓу првите тројца на листата се и основачот и извршен директор на Амазон, Џеф Безос и Бернар Арно, претседател на ЛВМХ (Луј Витон). Нивното богатство се проценува на 171 и 158 милијарди долари. Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс (129 милијарди долари) и извршниот директор на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет (118 милијарди долари) се најдоа меѓу првите пет. Според 34-тото годишно рангирање на најбогатите луѓе во светот, составено од Форбс, вкупното богатство на милијардерите за годината се намалило за 400 милијарди долари на 12,7 трилиони долари, а нивниот број се намалил за 87 на 2.668 луѓе. паг/  

Остани поврзан