• недела, 22 декември 2024

Марко: Само Норис и Хамилтон би можеле да го предизвикаат Верстапен со болидот на Ред Бул

Марко: Само Норис и Хамилтон би можеле да го предизвикаат Верстапен со болидот на Ред Бул

Лондон, 28 август 2024 (МИА) - Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, одговори на прашањето кој сегашен возач би можел да го победи Макс Верстапен во болидот на „Булс“.

Според експертот, клупскиот партнер на 26-годишниот Холанѓанец треба да има голема самодоверба.

- Искрено се надевам дека не многу пилоти се способни за тоа. Можеби Хамилтон или Ландо би можеле да му се доближат. Но само да го предизвикаат. Пилотот во истиот тим како Макс мора да има многу самодоверба. Мора да признае дека сега вози со најбрзиот возач во Формула 1. Многу, многу е тешко да го победиш Верстапен, рече Марко.

Верстапен моментално води во поредокот кај возачите со 295 бодови. Ландо Норис од Мекларен има 225 бодови и е на втората позиција. Хамилтон од Мерцедес е на шестото место со 154 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан