• вторник, 17 декември 2024

Марковски: Мора да дадеме максимум за опстанок на Тетекс

Марковски: Мора да дадеме максимум за опстанок на Тетекс

Тетово, 17 февруари 2023 (МИА) - ФК Тетекс утре, сабота 18 февруари го игра првиот натпревар од втората полусезона, како домаќини на Охрид. Натпреварот ќе се игра од 14 часот игралиштето на Спортскиот центар во Тетово.

Фудбалската легенда Љупчо Марковски-Калц кој од 16 јануари почна да го води ФК Тетекс како шеф на стручниот штаб информира дека ги имале сите услови за добри подготовки. Се надева дека ќе бидат дадени максимални напори од играчите на терен за се обезбеди опстанокот во Втората фудбалска лига.

-Управата ни овозможи добри услови за тренинг, бевме во Дојран и тука на спортскиот центар. Од секој аспект, критериумите беа задоволени, со една голема пожртвуваност на клубот. Тетекс има доста нови играчи, имаме засилувања но и млади играчи кои својата афирмација ќе ја бараат тука. Подготвките беа можност да се даде шанса на сите.  Никој нема магично стапче, но подготвени ќе го почнеме првенството, како што ги гледам работите, работите одат кон подобро. Имаме 3-4 сериозни играчи и другите млади кои сакаат да се афирмираат и се тоа треба добро да се компонира.  Се надевам на поддршка од Војводи. Мора ние доле на теренот заедно со публиката да успееме во опстанокот, да дадеме максимум. Во ваква ситуација нема други клубови кои речиси од нула тргнуваат. За Лигата, Вардар е број 1, добро е екипата и по состав и по квалитет. Вардар и уште три екипи се издвојуваат, другите ние секој секого може да победи, изјави Марковски.

Почетокот на полусезоната се поклопува со значаен датум за клубот 18.02.1953 кога пред 70 години е формиран ФК Тетекс.

На истиот датум 18.02.2023 покрај одбележувањето на нашиот роденден започнуваме и со нашата борба за спас во Втората лига, за спас и незгаснување на клубот. 70 години традиција, 70 години постоење, 70 години расадник на фудбалери, 70 години бренд во Македонија и пошироко. Затоа дојдете сите масовно да го одбележиме нашето 70 годишно постоење и да ја започнеме борбата за спас со победа, повикаа од ФК Тетекс. 

Од клубот додаваат дека влезот за овој натпревар ќе изнесува 100 денари и секој купен билет е помош за клубот во опстанок. ас/сх/

Остани поврзан