• понеделник, 20 мај 2024

Марија Габриел: Бугарија го поддржува европскиот пат на Турција

Марија Габриел: Бугарија го поддржува европскиот пат на Турција

Софија, 30 јануари 2024 (МИА) - Бугарија секогаш го поддржувала и ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Турција. Ова го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел на заедничката прес-конференција со нејзиниот турски колега Хакан Фидан. 

Го поздравуваме заедничкиот предлог на Европската комисија и високиот претставник на Европската унија од ноември оваа година да ги активираме односите ЕУ-Турција, рече Габриел.

Изразувајќи го своето задоволство од договорот меѓу Турција, Бугарија и Романија за формирање на Поморска група за противминска борба во Црното Море (MCM Black Sea), Фидан го истакна како пример за регионална безбедносна соработка.

Тој нагласи дека Турција ја гледа оваа иницијатива не само како демонстрација на регионалната сопственост, туку и како чекор во согласност со духот на сојузот. ссм/

фото: БТА

 

Остани поврзан