• петок, 22 ноември 2024

Маричиќ: Ги менуваме законите за поголема безбедност за жртвите како оние од „Јавна соба“

Маричиќ: Ги менуваме законите за поголема безбедност за жртвите како оние од „Јавна соба“
Скопје, 3 февруари 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека по интервенцијата на институциите и затворењето на групата „Јавна соба“, сега случајот е во рацете на обвинителството и судовите кои треба да постапуваат. Министерот најави дека ќе се менуваат закони за да има поголема безбедност за жртвите како оние од „Јавна соба“, но и построги казни.
- Сега е на потег обвинителството, да го расчисти овој случај по судски пат, има доволно материјали кои се предадени во обвинителството. Ние како институции кои ги предлагаме регулативите, oна што може сега да го направиме и го правиме е веќе внесување на предлог измени во Кривичниот законик. Сите овие прашања се покриени и во Истанбулската конвенција и врз основа на нејзина имплементација внесуваме нови кривични дела како што се „демнење“ и „полово вознемирување“, кажа Маричиќ во изјава за Телевизија 24.
Инаку, овие измени на Кривичниот законик веќе се завршени во Министерството за правда и набрзо влегуваат во владина, па во собраниска процедура. сст/дма/

Остани поврзан