• понеделник, 01 јули 2024

Манчини има три италијански клуба во 1/4финалето на ЛШ, а максимум 7-8 Италијанци, ние сме полоши од Англија

Манчини има три италијански клуба во 1/4финалето на ЛШ, а максимум 7-8 Италијанци, ние сме полоши од Англија

Рим, 22 март 2023 (МИА) – Селекторот на Италија, Роберто Манчини се пожали на недостиг од италијански играчи во врвните клубови во Серија А.

 

- Ние, во италијанската репрезентација, сме уште полоши од Англичаните. Не знам зошто има толку малку напаѓачи, ние сме крајно ограничени во овој аспект. Три наши екипи стигнаа до четвртфиналето на Лигата на шампионите, но овие три екипи имаат само 7-8 вкупно Италијанци. Таква е реалноста.
Порано игравме фудбал по улица по 3-4 часа, а потоа одевме на тренинг. Сега нема такво нешто. И не случајно се појавуваат нови имиња во земји како Уругвај, Аргентина и Бразил, каде што се уште се игра многу на улиците, изјави селекторот на Италија.

 

Италија утре ќе ги одмери силите со Англија во првото коло од квалификациите за Евро 2024 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан