• сабота, 21 декември 2024

Манчестер Јунајтед ја привлече својата трансфер цел број еден ова лето

Манчестер Јунајтед ја привлече својата трансфер цел број еден ова лето

Манчестер, 31 август 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед го објави потписот на Мануел Угарте еден час пред затворањето на преодниот рок. „Црвените ѓаволи“ пред неколку дена постигнаа договор со Пари Сен Жермен за правата на Уругваецот, а тој вчера пристигна на Островот и ги помина лекарските прегледи.

„Олд Трафорд“ на крајот ќе плати 50 милиони евра фиксни плус уште десет бонуси. Угарте ќе стане шестото и последно ново засилување на Манчестер Јунајтед откако пред него во тимот беа донесени Лени Јоро, Нусаир Мазрауи, Џошуа Зиркзе, Матаис де Лихт и Секу Конате.

Самиот Мануел Угарте потпиша договор до летото 2029 година со опција за дополнителна сезона. Тој не е пријавен и нема да може да учествува на дербито со Ливерпул во недела.

-Неверојатно е чувството да се приклучиш на клуб од ова ниво. Еден од најомилените тимови во светот. Проектот што ми го понудија луѓето на чело на клубот беше исклучително возбудлив. Манчестер Јунајтед е амбициозен клуб и јас сум амбициозен играч. Страста на навивачите е нешто што е многу важно за мене. Знам колку се неверојатни навивачите на Јунајтед и едвај чекам да излезам на „Олд Трафорд“. Јас сум личност која е решена да успее. Ќе се жртвувам и ќе дадам се за моите соиграчи. Заедно ќе се бориме и ќе освојуваме трофеи за да го подигнеме клубот на нивото на кое треба да биде, изјави Угарте за официјалната веб-страница на клубот. дс

Фото: Х/Манчестер Јунајтед

Остани поврзан