Манчестер јунајтед упати само еден удар кон голот на Арсенал во првото полувреме
- Фудбалерите на Манчестер јунајтед имаат потешкотии при создавањето шанси на денешниот дуел со Арсенал во првото полувреме од дербито на 7. коло од Премиер лигата. Резултатот по 45 минути беш
Манчестер, 1 ноември 2020 (МИА) – Фудбалерите на Манчестер јунајтед имаат потешкотии при создавањето шанси на денешниот дуел со Арсенал во првото полувреме од дербито на 7. коло од Премиер лигата. Резултатот по 45 минути беше 0:0, а екипата на Оле Гунар Солскјер упати само еден удар кон противничкиот гол во првото полувреме.
Ова е најлошиот резултат на Манчестер јунајтед на домашен натпревар во Премиерлигата од октомври 2015 година.
Тогаш на натпреварот против Манчестер сити, не успеаја ниту еднаш да го загрозат голот на „граѓаните“. зс/