• недела, 17 ноември 2024

Манчестер јунајтед престана да им дава „ланч-пакети“ на персоналот

Манчестер јунајтед престана да им дава „ланч-пакети“ на персоналот

Манчестер, 22 август 2024 (МИА) - Раководството на Манчестер јунајтед одлучи да не дава кутии со ручек на сервисниот персонал за да ги намали трошоците на клубот, пренесува „Daily Mail“.

Во петокот, на денот на натпреварот со Фулам, на вработените им беше доставен пакет во кој имало сендвич, бар-житарка, помфрит и безалкохолен пијалок.

На првиот натпревар од сезоната многу работници се пожалија поради замената на ланч-пакетите со брза храна.

Клубот истакна дека промената се должи на фактот што поголемиот дел од храната остана недопрена.

Во првото коло од Премиер лигата, Јунајтед го  победи Фулам со минимален резултат (1:0). Следниот натпревар на „Црвените ѓаволи“ ќе биде на гости кај Брајтон на 24 август. зс/
Фото: ЕПА

Остани поврзан