• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манчестер Јунајтед на постсезонска турнеја во Азија

Манчестер Јунајтед на постсезонска турнеја во Азија


Манчестер, 8 април 2025 (МИА) – Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед по завршување на актуелната премиерлигашка сезона во мај ќе ја посети својата огромна база навивачи во Азија каде ќе игра натпревари во Куала Лумпур и Хонг Конг, објави денеска клубот.
Манчестер Јунајтед ќе се соочи со ASEAN All Stars на Националниот стадион „Букит Џалил“ со капацитет од 84.000 седишта во Куала Лумпур на 28 мај, пред да отпатува на дуел против Хонг Конг во Кина, на 30 мај на стадионот „Хонг Конг“ со капацитет од 40.000 седишта.
Англискиот клуб последен пат ја посети Куала Лумпур во 2009 година, а Хонг Конг во 2013 година.
„Оваа турнеја обезбедува уникатна можност за играчите и клупскиот персонал директно да се поврзат со навивачите во Азија, а клубот да се активира со своите ценети комерцијални партнери во регионот“, соопшти Манчестер Јунајтед.
Својот последен премиерлигашки натпревар оваа сезона Манчестер Јунајтед ќе го одигра на 25 мај против Астон Вила на „Олд Трафорд“. ег
ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан