• петок, 05 декември 2025

Манчестер јунајтед во преговори со белгискиот голман Ламенс

Манчестер јунајтед во преговори со белгискиот голман Ламенс

 

Брисел, 23 август 2025 (МИА) – Манчестер Јунајтед се обидува да го донесе во своите редови голманот на Антверпен, Сен-Ламенс, јавија денеска белгиските медиуми.

Минатата сезона стандарден на голманската позиција во Јунјатед беше Андре Онана, кој ова лето отсуствуваше од теренот поради повреда на тетивата.

За 23 годишниот белгиски голман Ламенс интерес покажува и италијанскиот гигант Интер.

Манчестер јунајтед ја почна новата премиерлигашка сезона со домашен пораз од Арсенал, а в недела му гостува на Фулам. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан