• понеделник, 23 декември 2024

Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Мандатот на Еулекс продолжен за една година
Белград/Приштина, 11 јули 2020 (МИА) - Мандатот на мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (Еулекс) е продолжен за помалку од една година, јави агенцијата Бета. Косовскиот претседател Хашим Тачи и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел договориле едногодишно техничко продолжување на мандатот, бидејќи пандемијата на вирусот корона спречи преговори за иднината на мандатот на Еулекс. Во писмо до Борел, Тачи навел дека Косово се согласува на техничкото продолжување на мандатот на Еулекс, најдоцна до 14 јуни 2021 година, со цел да се обезбеди континуитет на Мисијата за време на траењето на вонредните околности. Борел одговори дека го прифатил договорот за техничко продолжување на мандатот на Еулекс до 14 јуни 2021 година и ја повторил поддршката на ЕУ за Косово. јт/

Остани поврзан