• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мандатарот му достави на српското Собрание предлогот за нова Влада, седницата за избор закажана за утре

Мандатарот му достави на српското Собрание предлогот за нова Влада,  седницата за избор закажана за утре

Белград, 14 април 2025 (МИА) - Кандидатот за премиер на Србија, Ѓуро Мацут денеска до Собранието на Србија достави предлог за состав на Влада, јави допсиникот на МИА од Белград.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ потврди дека предлогот за новата Влада пристигнал во Собранието и дека почетокот на седницата е закажан за утре во 10 часот.

Утврден е дневниот ред на Втората специјална седница на Народното собрание - Избор на Влада и положување заклетва на претседател и членови на Владата.

За прв вицепремиер и министер за финансии е предложен Синиша Мали, за вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, а за вицепремиер и министер за економија Адријана Месаровиќ.

Братислав Гашиќ беше предложен за министер за одбрана, Марко Ѓуриќ за министер за надворешни работи, а Немања Старовиќ за министер за евроинтеграции.

За министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен Драган Гламочиќ, за заштита на животната средина Сара Павков, за градежништво, транспорт и инфраструктура Александра Софронијевиќ, а за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Јагода Лазаревиќ е предложена за министер за внатрешна и надворешна трговија, Ненад Вујиќ за министерка за правда, Снежана Пауновиќ за министерка за државна администрација и локална самоуправа, а Демо Бериш за министер за човекови и малцински права и социјален дијалог.

За министер за образование е предложен Дејан Вук Станковиќ, за здравство Златибор Лончар, а за труд, вработување, бранители и социјала Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.

За министер за семејна грижа и демографија е предложена Јелена Жариќ Ковачевиќ, за спорт Зоран Гајиќ, за култура Никола Селаковиќ, а за рурална грижа Милан Кркобабиќ.

Академик Бела Балинт е предложен за министер за наука, технолошки развој и иновации, Хусеин Мемиќ за министер за туризам и млади, а Борис Братина за министер за информации и телекомуникации, додека Дарко Глишиќ е предложен за министер за јавни инвестиции.

За министри без ресор беа предложени Новица Тончев, Ѓорѓе Милиќевиќ, Усаме Зукорлиќ, Ненад Поповиќ и Татјана Мацура. зш/
фото МИА

Остани поврзан