Манастирлиу загрижена од растот на новозаразени, апелира граѓаните да се вакцинираат
- Албанската министерка за здравство Огерта Манастрлиу, изрази загриженост поради континураниот раст на новозаразени, главно млади лица, со Ковид-19.
Тирана, 14 август 2021 (МИА) - Албанската министерка за здравство Огерта Манастрлиу, изрази загриженост поради континураниот раст на новозаразени, главно млади лица, со Ковид-19.
Поголемиот процент од вкупно активните 2.453 случаи се со делта сојот, додава таа и упатува апел за поголема внимателност во заштитата на здравјето.
Преку објава на Фејсбук ги замолува граѓаните што што е можно побрзо да се вакцинираат, како единствена заштита од опасниот вирус.
- Бројот во пораст на новозразени на дневно ниво не повикува сите на морална и граѓанска одговорност, да се вакцинираме што е можно поскоро против Ковид -19, за заштита на здравјето и животот. Над 1.100 вакцинатори се секојдневно во служба на граѓаните, во секоја здравствена установа и централизиран вакцинален пункт, наведува Манастирлиу.
Според денешнот извештај на ресорното министертво во изминатото деноноќие регистрани се 410 нови случаи со Ковид-19, најмногу во Тирана 149 и Скадар 50 лица. Во списокот на оздравени внесени се 49, починале две лица на 44 и 76-годишна возраст, додека болнички се третираат 39 пациенти. вт/