• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не започнува трговска војна со ЕУ, туку со Кина

Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не започнува трговска војна со ЕУ, туку со Кина

Париз, 25 февруари 2025 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева дека го убедил својот американски колега Доналд Трамп да не започнува трговска војна против Европа, туку да се фокусира на Кина.

- Не можете истовремено да водите трговска војна и со Кина и со Европа. Се надевам дека Трамп го разбира тоа, изјави Макрон за Фокс Њуз по средбата со американскиот претседател во Вашингтон, пренесува Политико.

Макрон нагласи дека за Вашингтон „приоритет е воведувањето царини за Кина“ и дека истовремена економска конфронтација со Европа не е во интерес на САД.

Тој додаде дека му објаснил на Трамп дека европскиот систем на ДДВ не претставува царина и дека ЕУ никогаш не вовела царини на увозот од САД. Според него, евентуална трговска војна би го загрозила и зголемувањето на воените трошоци на европските земји, што е еден од клучните барања на Трамп.

Францускиот претседател ќе ги информира лидерите на ЕУ за неговата средба со Трамп на утрешната средба. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан