• понеделник, 23 декември 2024

Македонско-турски деловни средби со жени претприемачи од Стопанската индустриска комора на Кочаели

Македонско-турски деловни средби со жени претприемачи од Стопанската индустриска комора на Кочаели
Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) - Северна Македонија е сигурна земја за деловна соработка, но и за вложување, со одлични бизнис услови, а компаративна предност и е близината до европските пазари, беше речено на денешниот настан што го организираа Стопанската комора и Фондацијата за менаџмент и индустриски истражувања во соработка со Стопанската индустриска комора од Кочаели, Република Турција. На настанот присуствуваат претставници од 15 турски компании и претставници од околу 35 македонски фирми. Предвидено е по завршувањето на пленарниот дел, да се одржат и деловни средби меѓу жените претприемачи од двете земји. -Нашата цел е да ги развиваме партнерствата со силни економии, како што е турската, во насока на интензивирање на трговската размена и директните инвестиции во двете насоки. Во земјава постојат неискористени можности за соработка и инвестирање во инфраструктурата, автомобилската и текстилната индустрија, земјоделството и туризмот, со можност потенцијалите на турското стопанство да станат реалност, како и со интенција турските инвестиции наскоро да се зголемат, рече Ирена Мојсовска, проект менаџер на Европската мрежа за бизнис можности (ЕЕН) за Стопанската комора. Претседателка на Советот на жени претприемачи од Кочаели, Нуркан Бабалик го претстави овој турски регион, нагласувајќи дека е познат по металната, автомобилската и индустријата за камен и земја. -Сепак, најпознати сме по хемиската индустрија која учествува со 28 отсто во вкупното производство. Индустријата на Кочаели индиректно поврзува и научно истражувачки центри како Универзитетот Кочаели, Универзитетот Сабанџи, Истражувачкиот центар Мармара, Технолошкиот институт Гебзе, Технопарк, но и многу други истакнати институции и организации кои го прават регионот главен центар за научно истражување и развој, потенцира Бабалик која доаѓа од ИТ секторот. Како што беше речено, вкупната трговска размена меѓу Северна Македонија и Турција во првите седум месеци од 2022 година изнесува 598,8 милиони американски долари што претставува раст од 46,37 отсто споредено со истиот период лани. Извозот изнесува 125 милиони долари што е зголемување од 55,5 проценти, додека увозното салдо изнесува 473,8 милиони долари или 44,13 отсто повеќе од минатата година. Во размената во првите седум месеци од 2022 година остварен е трговски дефицит од 348 милиони долари на страната на Северна Македонија. Во овој период Турција е шести трговски партнер на Македонија. мч/са/  

Тагови

Остани поврзан