• понеделник, 25 ноември 2024

Македонски фестивал во Маниса

Македонски фестивал во Маниса
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - Во турскиот град Маниса од 13 до 15 мај се одржа македонски фестивал, со настапи на фолклорни групи и познати интерпретароти на народната македонска музика пред наши иселеници во Турција. На фестивалот присуствуваше владина делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а остварени се и средби со македонски здруженија во Турција. Претседателот на македонското здружение „Мак-гоч“ со седиште во Маниса, Џевдет Џумерт, роден во селото Жировница, општина Маврово Ростуше, очекува овој фестивал да стане традиционален. - Престојот на владината делагација предводена од македонскиот министер Оливер Спасовски заедно со првите луѓе на општините Струмица, Чашка и Маврово-Ростуше претставуваше голема почит и за одбележување на 30-годишнината од првото македонско здружение во Маниса, но и за сите иселеници. На средбите исто така побаравме оние иселеници кои ги исполнуваат законските услови да добијат македонски пасоши, бидејки интересот кај иселениците е голем, нагласи Џумарт. Пратеничката во Собранието, Белкиса Зекири го потенцираше значењето на средбите со македонските здруженија во Турција. - Oсобена чест и задоволство ми причина средбата со македонските здруженија во Република Турција. Незаменливо е чувството кога си помеѓу своите во Турција и кога комуницираш на својот мајчин македонски јазик во срцето на Измир, изјави Зекири за Радио Слободна Европа, која додаде дека топлиот пречек и од страна на турските власти на нашите делегации говори јасно дека почнуваме ново поглавје во односите со Турција. лв/сп/

Остани поврзан