• недела, 22 декември 2024

Македонските футсалци поразени од Франција У-23

Македонските футсалци поразени од Франција У-23
Скопје, 13 април 2022 (МИА) - Македонската футсал репрезентација е поразена со 5:3 од селекцијата на Франција до 23 години во рамките на првиот контролен натпревар одигран  вчеравечер во Скопје помеѓу овие две селекции. Французите поведоа со 1:0 преку Пауло Базилио Переира, Димитар Јанев успеа да изедначи на 1:1. Дејан Кајсторовски постигнува погодок за комплетен пресврт и предност на Македонија од 2:1. Франција преку Тео Рејнад израмнува на 2:2. Истиот играч постигнува нов погодок за предност од 3:2. Во второто полувреме Пауло Базилио Переира постигнува втор гол за предност на противникот од 4:2. Траоре Нама го зголемува резултатот на 5:2. Рамадани Јакуп го намали резултатот и ги постави конечните 5:3. Двете селекции вечер во СЦ „Борис Трајковски“ треба да одиграат уште еден меѓусебен натпревар. зс/

Остани поврзан