Македонските фудбалери ремизираа со Романија
- Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено, 0:0 со селекцијата на Романија. Ове е трето реми за „црвено-жолтите“ во третиот и последен меч од септемврискиот циклу
Скопје, 8 септември 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено, 0:0 со селекцијата на Романија. Ове е трето реми за „црвено-жолтите“ во третиот и последен меч од септемврискиот циклус квалификации за Светското првенство 2022.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа подобри, имаа повеќе шанси, шеесетина минути доминираа на теренот, но повторно останаа без целиот плен.
На другите две средби од 6. коло од Ј-групата, Ерменија и Лихтенштајн одиграа 1:1, додека Германија го совлада Исланд на гостински терен со 4:0.
По шест рунди, Германците се убедливо први на табелата со 15 бода, Ерменија има 11, Романија 10, Македонија 9, Исланд 4, Лихтенштајн 1. зс/