• понеделник, 04 март 2024

Македонските фудбалери до 19 години ги дознаа ривалите во квалификациите за ЕП 2024

Македонските фудбалери до 19 години ги дознаа ривалите во квалификациите за ЕП 2024

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби противниците во Елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година од 15 до 25 јули ќе се оддржи во Северна Ирска. 

„Црвено-жолтите“ ќе играат во Групата-7 со Швајцарија, Украина и Летонија.

Селектор на оваа македонска репрезентација е Тони Јакимовски.

Елитната рунда квалификации ќе се игра од 18 - 26 март 2024 година. 

Пласман на Европското првенство ќе обезбеди првопласираната репрезентација. зс/

Остани поврзан