• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП

Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП

Скопје, 12 март 2025 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026.

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров очекува многу тежок натпревари и има респект за противникот.

- Словенија е во Топ 8 репрезентации во светот. Имавме малку време за подготовки за овој натпревар. Ги знаеме нивните квалитети, но ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра. Имаме млада и полетна екипа. Треба да го практикуваме стилот што го прикажавме на Светското првенство. веруваме во позитивен исход и ќе се бориме максимално, изјави Лазаров.

Натпреварот ќе се игра вечер од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

По првите две кола Словенија е прва во групата со четири бодови, Литванија и Македонија имаат по два, Естонија е последна без освоен бод. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан