• сабота, 29 јуни 2024

Македонските кошаркари се адаптираат на теренот во Сарагоса

Македонските кошаркари се адаптираат на теренот во Сарагоса
Сарагоса, 30 јуни 2022 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација, предводена од селекторот Драган Бајиќ и неговите асистенти се наоѓаат во Сарагоса каде утре ќе одиграа натпревар со Шпанија. „Црвено-жолтите“ го одработија првиот од трите предвидени тренинзи во салата „Павиљон Принц Фелипе“. Натпреварот ќе се игра утревечер со почеток во 19:30 часот. Домаќинот е апсолутен фаворит, но од таборот на македонскиот национален тим порачуваат дека нема предавање. Ова е дуел од 5.коло во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023. зс/

Остани поврзан