• четврток, 04 декември 2025

Македонските кошаркари против Унгарија ги завршуваат претквалификациите за СП 2027

Македонските кошаркари против Унгарија ги завршуваат претквалификациите за СП 2027

Скопје, 20 август 2025 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација  вечер ја пречекува Унгарија во последниот свој настап од претквалификациите за Светското првенство 2025.

Селекторот Марјан Илиевски им дава поддршка на своите избраници и покрај трите порази во исто толку натпревари досега во овој циклус.

- Мечот кој ни е последен со Унгарија не ни значи резултатски ниту на нас, ниту на нив, но ние од самиот почеток кажавме дека секој дуел кој ќе го имаме, па дури и оној на тренинг меѓу двете петорки, ќе биде од големо значење за сите, па така на секој меч гледаме го извадиме нашиот максимум. Па дај Боже и да победиме. На хартија сме далеку понеквалитетна екипа од Унгарија, во однос на искуство и на заеднички години, но ќе се бориме. За екипата на Унгарија, таа е најискусна екипа и игра најдобра кошарка. Кај нив тие погодија се, ние имавме лош шут за три поени и вкупно реализација. Задоволен сум, без никакво правдање на нештата. Ќе стојам зад овие играчи, се додека го даваат максимумот и го почитуваат стручниот штаб, ќе ја имаат мојата поддршка, изјави Илиевски.

Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 19 часот. зс/

Фото: КФСМ

Остани поврзан