• понеделник, 25 ноември 2024

Македонскиот Стрип-центар на изложба во Рашка, Србија

Македонскиот Стрип-центар на изложба во Рашка, Србија
Велес, 8 јуни 2022 (МИА) - Во Центарот за култура „Градац“ во Рашка, Србија, денеска е  отворена изложба од сите стрипови пристигнати на конкурсот „Помирување - регионално помирување после војна“. Изложбата е дел од истоимениот  проект на Стрип-центар на Македонија-Велес.
На конкурсот пристигнаа   дела на млади македонски автори, како и на автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Како што информира за МИА Томе Трајков од СЦМ –Велес,  пристигнатите дела од младите автори биле оценети од меѓународно  жири составено од уметници од  земјите вклучени во проектот.
 

Во конкуренција на повеќе од 50 стрипови, жирито додели неколку награди: Во категоријата средношколци Јелена Павловиќ од Белград освои  прво  место, Aнгела Ајтовска од Скопје - второ место и  Aнастасиа Терзиќ од Рашка, Србија - трето место. Ана Мари Пејчиќ од Сараево доби награда за најдобро сценарио, а Николина Жуљевиќ од Сомбор, Србија, е наградена за најдобар цртеж.

Во категоријата основци наградени се три ученички од Скопје: првото место го освои Ана Марија Качева, Бојана Лазаровска - второ место и Анастасија Петровска - трето  место.  Маја Ќетковиќ – најмлад учесник од  Будва, Црна Гора, и Анастасија Велковска од Скопје доби  специјална награда.

На оваа изложба, како и во специјалниот каталог, вклучени се и стрипови кои беа пријавеи  вон конкуренција. ад/хс/

Остани поврзан